Кошаркарскиот клуб Гран Канарија му врачи отказ на тренерот Салва Малдонадо. Овој тренер минатата сезона успеа да избори пласман со клубот во Евролигата, но во новата сезона резултатите не се поклопуваат со клупските амбиции.
Тимот од Канарските острови, во првенството на Шпанија се наоѓа на 14.место со три победи и седум порази, а идентичен скор има и во Евролигата.
Поради тоа клупските челници решија да го отпуштат 59-годишниот тренер и на функцијата да му ај доделат на неговиот досегашен асистент Виктор Гарсија.
Интересно, Малдонадо е третиот тренер од почетокот на сезоната во Евролигата шт добил отказ. Претходно тоа им се случи на Педро Мартинез од Басконија и Невен Спахија од Макаби.