На 58. издание на локалното Рели 2000 Виратгес во Каталонија имаше застрашувачки судир, во кој е чудесно што никој не е повреден.
Драматичниот момент е „фатен“ на видео, откако еден возач ја губи контролата на својот автомобил, излетува од патот и удира во бандера. Автомобилот се движи кон група на гледачи, каде што една жена завршува на земјата, а друга група луѓе, од кои една жена со бебе избегнуваат да бидат вклучени во несреќата.
Според шпанските медиуми, во инцидентот настрада само возачот (кој не е именуван), но и тој само со полесни повреди.