Кинглси Коман (22) е еден од најталентираните фудбалери во светот. На големата сцена стапи на 19-годишна возраст, а преку ПСЖ И Јувентус стигна во Баерн Михен. Челниците на гермaнскиот великан го донесоа за да го наследи славниот сонародник Франк Рибери.
Коман колку и да е добар и талентиран не може никако да се избори со повредите. Откако пропушти голем дел од минатото првенство, а поради повредата на лигаментите не играше ниту на Светското првенство, сезонава за Баерн има одиграно само пет натпревари.
Поради честите повреди тој ги шокирал сите во клубот со изјавата дека размислува да стави крај на својата кариера. Немал повеќе сила за уште една операција.
„Не сакам и не можам да прифатам уште една операција. Што е многу, многу е. Можеби на моето стапало не му е судено да биде фудбалско стапало. Доколку тоа е така ќе земам да работам нешто друго, е се тргнам од фудбалот“, рекол Коман.
Јувентус во 2015 година му го позајми Коман на Баерн, а Баварците минатото лето за сума од 20 милиони евра го откупија неговиот договор.
За Баерн има одиграно 98 натпревари, на кои има учинок од 16 гола и 22 асистенции.