Top Sport

Фетел: Никогаш не сум го посетил Шумахер

Себастијан Фетел вели дека никогаш не бил во посета на својот сонародник и партнер од Трките на шампионите, Михаел Шумахер по неговата несреќа на скијањето по која доби сериозна повреда на мозокот.

Фетел признаваше дека Шумахер му е идол и потоа му стана добар пријател, а го наследи и на тронот на Ф1 со четири титули за Ред бул од 2010 до 2013. Иако Шуми добива посети во својот дом во Швајцарија, посебно од својот поранешен шеф Жан Тод, Фетел вели дека немал таква шанса.

„Ми недостасува, но не сум бил кај него. Тој можеше да ми помогне за ситуацијата во Ферари и за борбата со Мерцедес, бидејќи неговиот дух уште е во тимот“, изјави Фетел во интервју за швајцарскиот „Блик“.

Фетел и Шумахер шест пати победија заедно на езгибициската Трка на шампиони, а следната година во Мексико на оваа трка ќе вози со неговиот син, европскиот Ф3 шампион Мик Шумахер.

Scroll to Top