Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Веселин Вујовиќ, веќе се соочи со првиот посериозен проблем во пресрет на Европското првенство, кое во јануари в година ќе се одржи во Хрватска.
Имено, еден од најдобрите играчи на Словенија, Јуре Доленец, поради повредата на менискусот, речиси сигурно ќе го пропушти континенталниот шампионат. Доленец од оваа сезона го носи дресот на Барселона, во која пристигна од француски Монпелје. Словенецот во „блауграна“ е донесен на местото на Кире Лазаров.
Десниот бек има повреда на менискусот и потребна му е операција на што клубот инсистира да замине веднаш. Тоа значи дека Доленец на терените би де вратил некаде на почетокот на февруари в година, односно дека ќе го пропушти Европското првенство, но во исто време ќе биде подготвен да настапува за Барселона во вториот дел од сезоната.
Словенија на ЕП е во иста група со Македонија, Германија и Црна Гора. Прв противник на Словенците ќе им биде Македонија на 13 јануари.