Хери Кејн полека се подготвува за божиќните празници, но очигледно фудбалот, или поточно, головите секогаш му се на прво место.
Откако беше најдобар стрелец на Светското првенство во Русија со шест гола, и ја предводеше Англија до полуфиналето, фудбалерот на Тотенхем ја доби „златната копачка“ , која во овие претпразнични денови заврши на врвот на божиќната елка.
Неговата свршеница Кејт Гудленд, пак, на Инстаграм се пофали со целата „тема“ за декорацијата – „златни топки, ѕвезди и копачки“.
Кејн пак, се наоѓа во Барселона, каде што со неговите Тотенхем мора да направи чудо против моќните Каталонци предводени од Лионел Меси. Тотенхем мора да го израмни резултатот на Интер против ПСВ вечерва за да пласман во осминафиналето, додека Барселона веќе го обезбеди првото место.