Top Sport

Ботас ќе вози рели, Хамилтон мора да „успори“ со мотоциклите

Формула 1 сезоната е завршена, и кога ќе претпоставите дека Ф1 возачите сакаат да се одморат од брзината – ќе згрешите. Валтери Ботас и Луис Хамилтон, возачите на шампионскиот тим на Мерцедес веќе си најдоа нова „занимација“.

Ботас ќе дебитира на Арктичкото рели во својата татковина Финска од 24 до 26 јануари, зад воланот на М-Спорт Форд Фиеста каква што возеше Себастиен Ожие при освојувањето на титулата во Рели ВРЦ шампионатот.  Негов со-возач ќе биде уште еден Финец, Тимо Раутиаинен, човекот кој со Маркус Гронхолм во 2000 и 2002 ја освои ВРЦ титулата.

Претходни натпреварувачи на ова рели беа и други Ф1 возачи – Кеке Розберг, Мика Хакинен, Хеики Ковалаинен и Кими Раиконен.

Од друга страна, неговиот колега, петкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон неодамна тестираше супербајк мотоцикл на Јамаха во Херез и морал да биде убедуван да вози поспоро за да не се случи некој инцидент.

Страста за мотоциклите на Хамилтон е добро позната, а возачот на Јамаха, Михаел ван дер Марк вели дека морал да го „смирува“ Британецот.

„Се обидував да го натерам да вози поспоро. Морав да го сопрам бидејќи воопшто немаше страв. Следниот ден беше поразбран“, вели Ван дер Марк.

Scroll to Top