Петер Нортуг, еден од најдобрите нордиски скијачи во историјата на Норвешка објави дека се повлекува од спортот.
Нортуг, кој е двократен олимписки шампион и 13-кратен светски шампион изјави дека имал „прекрасни неколку години“, но ја отфрли можноста за кам-бек во спортот.
32-годишниот Норвежанец имаше слаби резултати оваа сезона, откако не успеа да се опорави од болеста и не успеа да се квалификува за норвешкиот тим за Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во февруари.
„Ќе биде убаво да се биде само навивач“, изјави Нортуг, кој на ЗОИ во Ванкувер во 2010 освои две злата, едно сребро и една бронза, а четири години подоцна во Сочи додаде уште две бронзи во тимска конкуренција.