Светската автомобилистичка федерација (ФИА) вели дека промените кои се направени на подлогата на патеката Интерлагос ќе спречи поплавување на деловите на бразилската патека пред неделното ГП.
Трката во Сао Пауло честопати се трансформира во вистинска трка на дожд, како минатата година, а слабиот одвод на патеката е постојан проблем. И за овој викенд се предвидува дожд и затоа организаторите на шест кривини направија дополнителни поправки за болидите да немаат проблеми кога поминуваат на дожд.
Минатата година, силниот дожд го откажа стартот за 10 минути, а условите беа толку опасни што Роман Грожан излета додека се обидуваше да го постави болидот на стартот. По ова, се случија два инциденти и трката беше прекината 35 минути. На крајот победи Луис Хамилтон, додека сите беа импресионирани од Макс Ферстапен, кој доби прекар „крал на дождот“.
Во кратки три минути можете да се потсетите на лудата трка.