Неколку дена пред дербито со Динамо Загреб, навивачите на Хајдук на Фејсбук објавија фотографии на кои неколку фудбалери на сплитскиот клуб се во добро расположение со алкохол, коцкање и пршут!
Стипе Вучура, Андреу Фомичов и Стелијан Филип, тројцата дефанзивци кои беа на удар на критиките поради слабата игра и резултатите на Хајдук, очигледно добро се забавуваа. Хајдук е само шести во хрватската лига со малку шанси за борба за титулата, која последен пат ја освоија во далечната 2005 година.
Хајдук, засега, официјално не одговори на фотографиите.