Кинескиот велосипедист Ванг Ксин, неговиот тим „Кеји лук“ и тројца членови на тимот беа казнети за „насилниот инцидент“, односно за нападот на членовите на швајцарскиот велосипедски состав на Трката околу Хаинан во петокот.
Видео-снимките го покажуваат Ванг како удира еден од швајцарскиот тим и го шутира во глаавата, пред со пумпата за гуми да нападне уште еден човек по крајот на седмата етапа на Трката околу Хаинан.
Ванг подоцна се извини преку социјалните медиуми, а беше налутен откако тимскиот автомобил на Швајцарците го удрил во текот на етапата од Санја до Вужишан, нешто што подоцна го демантираше Данило Хонда, менаџерот на тимот.