Top Sport

Голман исклучен во тек на пенал-серијата (видео)

Kатар стигна до тесна победа над Иран во средата за да го обезбеди првото место во својата група и да се пласира на Азискиот шампионат за фудбалери под 19 години, иако за тоа им беше потребна пенал серија, во која нивниог голман доби црвен картон!

Мечот заврши 1:1, и Катарците мислеа дека ја добија пенал-серијата, кога нивниот голман Шехаб Мамдух го одбрани ударот на Иранецот при 3:2.

Меѓутоа, судијата не мислеше така, ја прекина прославата и му даде жолт картон на голманот за прерано излегување од гол-линијата. Ова беше втор жолт-картон и тој беше во аут!

Кога изгледаше дека победата им „избега“, капитенот на Катарците, Насер Абдулсалам ал Алахрак (инаку играч од средниот ред), ги облече голманските ракавици и имаше одлична одбрана за победа!

Scroll to Top