Бока јуниорс нема да го му го продолжи договорот на тренерот Гијермо Барос Скелото по поразот од лутите ривали Ривер Плата во финалето на Копа Либертадорес во Мадрид.
Бока по 2:2 ремито на својата „Ла бомбонера“, загуби со 3:1 во продолженијата на „Сантијаго Бернабеу“ во неделата во прво големо јужноамериканско финале меѓу двата гиганти од Буенос Аирес.
„Најдоброто нешто за Бока е да се започне годината со промена, со барање на нов тренерски состав и со нов почеток“, изјави претседателот на клубот, Даниел Ангеличи на прес-конференција во петокот.
Барос Скелото останува популарен кај фановите на Бока, откако освои три титули од Копа Либертадорес како фудбалер и беше на чело на клубот од средината на 2016 година.
„И покрај тоа што останавме без трофејот, си заминувам мирен знаејќи дека оставив сѐ на теренот“, изјави 45-годишниот тренер.