Волфсбург ја зголеми мизеријата на Нирнберг и го остави клубот во зоната на испаѓање, откако во првиот меч од 15. коло стигна до 0:2 победа на стадионот „Макс Морлок“.
Даниел Гинцек го „скрши“ отпорот на домаќините во 58. минута од мечот, пред Хрватот Јосип Брекало да го потврди триумфот во 93. минута.
Со трите поени Волфсбург се искачи на осмото место на табелата со 22 поени, додека Нирнберг е само 16. со 11 поени.