Top Sport

Кјелини: „Гвардиолизмот“ ги убива дефанзивците

Џорџо Кјелини е човек кој остава сè на теренот, бескомпромисен во одбраната и секогаш подготвен за дуел. Италијанецот го обвини Пеп Гвардиола бидејќи италијанскиот фудбал нема наследници на дефанзивците како него, Бонучи и Барѕаљи.

Италија честопати се гордееше со своите дефанзивци исто толку како со напаѓачите, но сега нема вистински наследник на ББЦ триото, и Кјелини во интервју за „Газета дело спорт“ го обвини менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола за ситуацијата.

„Тоа е поради стилот кој го наметнува Пеп Гвардиола. Да, ‘гвардиолизмот’ уништи многу стопери во Италија. Денеска сите сакаат да градат игра, а никој не знае како да маркира играч. Ние во Италија нема да ја имаме шпанската тики-така бидејќи тоа не е прикладно на нашата филозофија. Во Италија зборуваме дека ни недостасуваат голгетери во нападот, но добро би ни дошле квалитетни дефанзивци“, изјави 33-годишниот Кјелини пред баражот со Шведска.

 

Scroll to Top