Top Sport

Венгер: Ако го сакате фудбалот, го сакате Меси

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека е среќен што Аргентина се квалификуваше за СП во Русија бидејќи така ќе се даде шанса за нов блесок за Лионел Меси, додавајќи дека „ако го сакате фудбалот, сакате да го гледате Меси“.

Аргентина имаше „нестабилен“ пат во квалификациите за СП во Русија, но Меси повторно ги предводеше со хет-трик во последниот натпревар за 3:1 победа над Еквадор. Венгер вели дека јужноамериканските квалификации се најтешки за поминување.

„Лично, пресреќен сум што го гледам Меси на Светското првенство. Ако го сакате фудбалот, сакате да го гледате Меси. Ако го сакате фудбалот, исто така ја сакате и Аргентина. Секогаш имаат супер-напад и толку многу талент. Би било тажно едно СП без Аргентина. Во Европа сме разгалени со 13 места на Светско првенство, играјќи со мали репрезентации во мали групи, и овојпат само групата на Холандија беше тешка. Во Јужна Америка имате 10 тима и само четири одат директно. Тоа е многу потешко, бидејќи имате репрезентации како Боливија, Колумбија, Парагвај, Бразил и Чиле. Секаде ве чека тежок натпревар“, изјави Венгер.

Scroll to Top