Top Sport

Челси во борба со локалниот бербер

Берберот Ахмед Алсанави стана познат како човекот кој ги „средува“ ѕвездите на Челси, но управата на клубот реши да му го ограничи пристапот до тренинг-центарот обвинувајќи го дека ги користел фотографиите со фудбалерите да го промовира сопствениот бизнис.

Цеск Фабрегас, Давид Луиз, Диего Коста и Еден Азар беа меѓу ѕвездите на Челси кои ги користеа услугите на Алсанави. Таблоидот „Сан“ тврди дека неколку играчи и официјални лица на „Сините“ биле исфрустрирани од селфи-фотографиите кои тој ги постираше на социјалните мрежи. Алсанави исто така доби потпишани дресови од Џон Тери и Гери Кејхил, а неговиот берберски салон „А-стар барбер“ има 73.000 следбеници на Инстаграм.

Scroll to Top