По мечот од српската Суперлига меѓу Напредак од Крушевац и Раднички од Ниш, која заврши со 1:2 победа за гостите, тренерот на Раднички, Ненад Лалатовиќ ја одржа дефинитивно најпростачката прес-конференција што сме имале шанса да ја видиме.
Лалатовиќ прво во текот на мечот покажа среден прст кон ложата на стадионот кон управата на клубот каде што работеше во минатото, и кога беше запрашан од ПР-агентот на Напредок на прес-конференцијата кому тоа било упатено, тој одговори со прашањето: „Ти ли ми го пцуеше детето“.
На прес-конференцијата имаше и еден навивач на Напредак, по што почна шоуто, кое всушност да не го прераскажуваме можете да го погледнете и слушнете подолу. Инаку, човекот кој се обидува да го смири Лалатовиќ е тренерот на Напредак, Милорад Косановиќ.