Лошата низа на Лацио во Серија А продолжува, откако клубот од Рим не успеа да победи ниту во петтиот меч во низа, по драматичниот и контроверзен 1:0 пораз на гостувањето во Бергамо кај Аталанта.
Аталанта поведе во 57. секунда од мечот по една хаотична реакција на одбраната на гостите, која ја искористи Дуван Запата. Оваа предност, Аталанта ја држеше во текот на 90-те минути, но лацијалите сметаа дека дојдоа до израмнување преку Франческо Ачерби во 93. минута од мечот по одличното нафрлање на Луис Алберто, но голот беше поништен по прегледувањето на ВАР системот поради офсајд.
Со победата Аталанта се искачи на шестото место во Серија А со 24 поени, само еден поен зад Лацио, кој е петти со 25 поени.
Фото: ЕПА