Фудбалскиот клуб Бешикташ, поради финансиска криза, ќе остане без своите најголеми ѕвезди.
Викендов од клубот замина 35-годишниот Португалец Пепе. Тој реши да замине бидејќи клубот не може да му исплати 9,5 милиони евра, колку што изнесува неговата годишна плата.
Истата судбина го очекува и српскиот репрезентативец, Адем Љајиќ, кој за Бешикташ настапува како позајмен играч од Торино. Годишната плата на Љајиќ изнесува два милиони евра. Клубот не може да му го исплати едногoдишниот договор до крајо, поради што челниците на Бешикташ барале начин позајмицата да ја раскинат по само шест месеци.
Покрај Љајиќ во јануарскиот преоден рок од Бешикташ ќе заминел и Холанѓанецот Рајан Бабел.