Северна Ирска, во обидот да се пласира на едно Светско првенство првпат од 1986 година, немаше многу среќа и го загуби првиот натпревар против Швајцарија со 0:1.
Швајцарија, која важи за голем фаворит во овој бараж, стигна до одличната предност пред реваншот во недела во Базел откако Кори Еванс играше со рака во својот шестнаесетник, а фудбалерот на Милан, Рикардо Родригез беше сигурен од белата точка.
Швајцарците имаа фантастичен посед од 65 отсто во текот на натпреварот, но тоа не успеаја да го крунисаат со барем уште еден гол по кој реваншот на „Сент Јакоб парк“ би бил многу полесен. Вака, со само еден гол во Базел, Северна Ирска се враќа во игра.
СЕВЕРНА ИРСКА – ШВАЈЦАРИЈА 0:1
Родригез 58’ (п)