Top Sport

Волф: Хамилтон е најдобриот, но некој му љубомори и го мрази

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека Луис Хамилтон најверојатно е најголемиот Формула 1 возач во историјата, но додава дека поради „негативноста и љубомората“ тој не ги добива заслужените пофалби.

Споредувајќи го петкратниот Ф1 шампион со великанот на Ферари, Михаел Шумахер, Волф вели дека 33-годишниот Хамилтон ќе биде признат како големец во спортот кога ќе замине од спортот.

„Не сите можат да забележат голема кариера, голем спортист или друга голема работа додека се случува. Има премногу негативност и љубомора додека тоа се случува. Кога кариерата ќе дојде до крајот, тогаш ќе се знае кој точно е голем и зошто е така. Ние имаме привилегија да ја следиме кариерата на можеби најдобриот возач во историјата. Секако, Михаел ги постави сите рекорди, но Луис е на иста патека. И со Михаел, му се призна колку е голем кога се пензионираше, и уште повеќе кога му се случи несреќата. Тоа е вистинска штета“, вели Волф во интервју за „Ројтерс“.

Хамилтон е на добар пат да го сруши рекордо т на Шумахер од седум титули и 91 победа. Британецот има 73 победи, победувајќи во 51 од 100-те трки во В6 турбо-хибридната ера во спортот од 2014 и четири од последните пет титули. Хамилтон исто така има рекордни 83 пол-позиции и е само третиот возач со пет титули.

Фото: ЕПА

Scroll to Top