Top Sport

Ѓукановиќ излезе од болница!

Српскиот голман на францускиот тим Аикс, и поранешен репрезентативец на Србија, Славиша Ѓукановиќ излезе од болница десет дена откако доби срцев удар на тренинг и заврши во кома.

38-годишниот Ѓукановиќ, кој поголемиот дел од својата кариера ја помина во Франција настапувајќи во тимовите на Порт Норман, Жирондин Бордо, Сен Рафаел, сега го очекува процес на рехабилитација од три месеци.

Тешко е да се верува дека тој ќе може да ја продолжи кариерата, но сепак, одлична е веста дека успеал да се избори со најтешкото.

Голманот Ѓукановиќ добил срцев удар на тренинг!

Scroll to Top