Алекс Сандро е пресреќен што ќе продолжи да биде дел од „семејството на Јувентус“, откако го продолжи договорот со италијанскиот шампион за да стане 10. најплатен фудбалер во Серија А.
Бразилецот сега има договор до јуни 2023 година и ќе заработува околу 5 милиони евра годишно, што е значително поголема плата од неговата досегашна (2.8 милиони евра). Со ова Јуве го обврзаа својот фудбалер на дологорочен договор по интересот на Манчестер јунајтед за него.
„Благодарам на сите кои ми помогнаа да стигнат дотука и пресреќен сум што останувам дел од семејството на Јуве“, вели Бразилецот.
Со оваа плата тој се израмнува со својот колега од Јуве, Емре Џан. Од десетте најплатени фудбалери на светот, осум се во Јувентус: Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Миралем Пјаниќ, Даглас Коста, Сами Кедира, Леонардо Бонучи, Џан и Алекс Сандро.
На листата се уште двајца фудбалери на Милан – Гонзало Игуаин (кој е втор на листата со 8.5 милиони евра годишно зад Роналдо) и голманот Џиџи Донарума на петтото место со 6 милиони евра.