Ѕвездите на славната генерација на Манчестер јунајтед од 1992 година уште еднаш го покажаа својот талент откако се обединија на меч седум-на-седум против младинскиот тим на Салфорд.
Дејвид Бекам, заедно со своите колеги, Рајан Гигс, Пол Сколс и Фил и Гери Невил беа во составот кој стигна до тесната 19:17 победа. Директорот на Салфорд, Крис Каспер, кој исто така беше дел од таа генерација од ’92, но никогаш не стана професионален фудбалер беше во составот заедно со синот на Бекам, Ромео.
„Добар мал тим. Инаку, победивме со 19:17“, се пофали Бекам на Инстаграм.
Гери Невил пак беше подиректен: „Непоразени! Некој сака да ни се спротистави?“.