По критиките на претседателот на Ферари, Серџо Маркионе за плановите за мотори за 2021 со стандардизација на одредени делови, шефот на Ф1, Чејс Кери вели дека американските сопственици „Либерти медија“ немаат план да направат НАСКАР серија со „стандардизирани“ делови.
„Искрено, мислам дека имаме ист став со Ферари. Не се обидувам да ја потценувам НАСКАР серијата, но и ние не планираме да бидеме НАСКАР. Не сакаме стандардизирани болиди, 20 исти болиди кои би возеле околу патеката и каде само возачот би правел разлика. Формула 1 е уникатен спорт во кој се натпреваруваат возачите, но и врвната технологија. Тимовите мораат да останат слободни да ги креираат своите болиди уникатно, со посебни мотори и посебни шасии. Но, во исто време успехот зависи и од потрошените ресурси, и би било поздраво да сме поевтин спорт“, објаснува Кери.