Барселона, вчера, на позајмица го донесе Хеисон Муриљо од Валенсија, во обид да ги реши проблемите со повредените дефанзивни фудбалери. Шпанските медиуми откриваат дека прв пик на спортскиот сектор на Барселона, бил Пепе, но трансферот го стопирал Лионел Меси.
Португалскиот репрезентативец минатата недела си замина од Бешикташ, поради финансиските проблеми што ги има турскиот тим.
Пепе е поранешен играч на Реал со долга историја на дуели со играчите на Барселона во меѓусебните пресметки. Пепе за Реал играше цела деценија и за „кралскиот клуб“ одиграл 334 натпревари.
Токму поради она што се случувало во минатото Меси не сакал Пепе да пристигне на „Ноу Камп“.