Фудбалерот на Јувентус Бенедикт Хеведес би можел да дебитира за клубот од Торино на натпреварпт против Сампдорија, кој се игра на 18 ноември. Германскиот репрезентативец во Јувентус е позајмен од Шалке, а италијанскиот првак ќе може да го откупи неговиот договор доколку одигра најмалку 25 натпревари.
Хеведес (29) поради повреда веќе пропушти 15 натпревари, а во минатото коло против Беневенто прв пат седеше на клупата.
Освојувачот на светската титула со Германија, кариерата ја започна во Шалке во 2007 година и цела деценија настапуваше за тимот од Гелзенкирхен.