Top Sport

Харден поуспешен од Леброн, Хјустон го победи Кливелнд

Хјустон, во НБА дербито, славеше победа над Кливленд 117:113. Џејмс Харден имаше блескава вечер и со „трипл дабл“ го сруши актуелниот вицепрвак.

Харден го запиша вториот „трипл дабл“ во сезоната, тој против Кливленд забележа 35 поени, 11 скока и 13 аситенции, на кои придодаде и пет украдени топки.

На спортивната страна Леброн Џејмс постигна 33 поени, имаше 4 скока и 7 асистенции, но имаше и 9 загубени топки. Одлиен натпревар за Кливленд одигра Дени Грин, кој вечегувајќи од клупата постигна 27 поени.

Хјустон ја продолжи победничката низа, додека Кливленд го запиша седмиот пораз од почетокот на сезоната.

Денвер, предводен од триото Мудиеј-Милсап-Јокиќ ја победи Оклахома 102:94. Мудиеј забележа 21 поен, 7 скока и 5 асистенции, Милсап постигна 17 поени, а Јокиќ оставри „дабл-дабл“ од 15 поени и 11 скока. На спротивната страна најефикасен беше Кармело Ентони со 28 поени, додека Расел Вестбрук мечот го заврши со 13 поени.

Сакраменто во дрматичен меч успеа да ја победи Филалдлефија 109:108. Поените за победа на Сакраменто ги псотигна Деарон Фокс на 14 секунди до крајот, а потоа Џоел Ембид во последната секунда промаши шут за победа на спротивната страна.

Ветеранот Рендолф со 20 и Џексон со поен помалку беа најефикасни кај победникот.

Вашингтон забележа победа во дуелот со ЛА Лејкерс 111:95, а Торонто го победи Њу Орлеанс 122:118.

Scroll to Top