„Македонското“ дерби во Ла лига помеѓу Рајо Валјекано и Леванте му припадна на мадридскиот клуб, кој освои важни поени во борбата за опстанок во шпанската елита.
За клубот на репрезентативниот голман, Столе Димитриевски ова е само трета победа оваа сезона и останува на претпоследното 19. место на табелата, но само три поени од „безбедната“ зона. Клубот на неговиот колега од репрезентацијата, Енис Барди, Леванте пак, загуби вторпат едноподруго по катастрофалните 0:5 против Барселона.
Претходно Леганес „извади“ поен против Севилја (1:1), а Валенсија со 2:1 го победија тимот на Хуеска.
Фото: ЕПА
ЛА ЛИГА, 17.КОЛО
Валенсија – Хуеска 2:1
Леганес – Севилја 1:1
Рајо Валјекано – Леванте 2:1