Top Sport

„Комити“ ја најавија прославата за двата јубилеja (Видео)

Најбројната навивачка група во Македонија „Комити“ го вршат последните подготвки по повод јубилејот „30 години Комити запад“ и „70 години ФК Вардар“.

Симболично со 87 факели, годината кога е формирата навивачката група, тие вечар вечер во 47 по 21 часот формираа линија долга 500 метри од водоводот Гази Баба до Железарскиот рид.

„87 факели ги најавија јубилеите, „30 години Комити запад“ и „70 години ФК Вардар“ и тоа точно во 47-мата минута по 21 часот…Колоната беше поставена од Водоводот на Гази баба до Железарскиот рид во една линија од над 500 метри…Јубилејот се најави не случајно над Чаир, од таму потекнуваат едни од најсилните Комитски екипи кои во некои други времиња значеа многу во градов, значеа многу кога Чаир беше средина каде владееја „Црвено-Црните“ бои на Вардар, кога Чаир беше артеријата на градот Скопје, населба атрактивна за живеење, старо Скопје со посебен шмек и традиција, со свој белег и препознатливост…Во чест на тие времиња.“, се вели во постот објавен на официјалната „Фејсбук“ страна на навивачката група „Комити“.

Големиот јубилеј на навивачката група и ФК Вардар ќе биде прославен на 19 ноември на „Градски“ во Скопје.

Scroll to Top