Top Sport

Нема преигрување на контроверзниот меч Партизан-Мачва

Суперлигата на Србија го одби барањето на Партизан за повторување на контроверниот меч помеѓу Партизан и Мачва во последното коло на есенската полусезона, која заврши без победник при снег и тешки услови за игра.

Во Партизан беа бесни на одлуката мечот да се одигра и се заканија со заминување од Суперлигата, и веднаш побараа мечот да се преигра. Сега според „Б92“ ова барање е отфрлено, но Партизан може да се жали пред комисијата на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Претходно, се најавува „жешка“ седница на Извршниот одбор на Суперлигата и Првата лига во Србија во вторник, каде што ќе присуствува потпретседателот на клубот, Владимир Вулетиќ.

Партизан се закани со излегување од српската Суперлига (видео)

Scroll to Top