Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е лидер во шест важни статистички категории, во 2018 година, во петте најсилни европски првенства.
Аргентинецот има постигнато најмногу голови, запишал најмногу асистенции, најмногу шутирал, постигнал најмногу голови од слободни удари, најмногу шутирал надвор од шеснаесетникот и успеал да им приготви најмногу шанси на своите соиграчи.
The one and only, Lionel Messi! pic.twitter.com/rLAjpqs7DN
— FansRepublic (@Fans_Republic) December 24, 2018
Меси, од почетокот на сезоната, поради повреда, пропушти три недели. Во Ла Лига има учинок од 15 гола и 10 асистенции.
Најдобриот фудбалер на Барселона во изборот за „Златната топка“ заврши на петтото место зад Лука Модриќ, Кристијано Роналдо, Антоан Гризман и Килијан Мбапе.