Фудбалскиот клуб Барселона подготвува сензационална понуда за најдобриот млади играч во светот, Килијан Мбапе. На „Ноу Камп“ биле подготвени да платат 150 милиони евра и во Париз да го испратат Фелипе Кутињо.
Челниците на Барселона ќе се обидат да ги искористат проблемите што ги имаат во Пари Сен Жермен со финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Голем адут на Барселона е и Фелипе Кутињо еден од најдобрите пријатели на Нејмар, кој никогаш не криел дека би сакал да игра во ист тим со својот соиграч од репрезентацијата. Од друга страна Кутињо, за кого пред една година Каталонците платија 150 милиони евра, не ги оправда очекувањата.
Ако трансферот биде реализиран Барселона ќе го „затвори“ и евентуалното заминување на Нејмар во Реал.