Големо внимание во фудбалскиот свет привлече интервјуто кое „Марка“ го направи со најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот ја предводи Ла Лига според бројот на постигнати голови (15) и асистенции (10).
Меси, во интервјуто, јасно открива дека кои двајца луѓе би сакал повторно да ги види во Барселона.
„Тепко е тоа да се оствари, но секако дека би сакале Нејмар да се врати. Го сакаме тука поради се што претставува, како играч и како човек. Пријатели сме, имаме убави заеднички моменти, некои и не толку убави, но многу време минувавме заедно. Сепак мислам дека нема да го напушти Париз. ПСЖ нема да дозволат некој да им го земе Нејмар“, рекол Меси.
Меси и Нејмар имаат една заедничка титула во Лигата на шампионите.
Идеално за Аргентинецот би било и кога Пеп Гвардиола би се вратил на клупата на Барселона. Гвардиола на клупата, а Меси и Нејмар на теренот, тоа би било идеално сценарио.
„Тешко дека и ова може да се оствари, но би сакал повторно да работам со Гвардиола. Тој е еден од најдобрите тренери во светот. Но и тоа е компликувано“, рекол Меси.