Атлетската федерација на Македонија (АФМ) по повот Денот на ослободување на Скопје, 13 ноември, во недела организира ноќна атлетска трка во соработка со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов.
Стартот на трката ќе биде на плоштад Македонија во близина на фонтаната, се трча во правец на Триумфалната капија, се врти лево и се влегува во подземниот премин на ГТЦ, по што се излегува од Сутеренот на ГТЦ се врти десно на ул Војвода Васил Аџаларски покрај Градската болница се врти десно и се излегува на бул 11 Октомври кон собранието на Р.Македонија во правец на ул Димитрија Чуповски и ул Велко Влаховиќ, кај Мекдоналдс, пред семафорите се врти десно во правец на Плоштад Македонија пред фонтаната се завршува кај Плоштад Пела под Триумфалната капија.
На патеката ќе се одржат три трки – 6.000 метри за мажи, 4.800 метри за жени, и училишна трка на 1.200 метри.