Петра Влхова од Словачка победи на трката во велеслалом која во петокот се одржа во Земеринг. Влхова по двете возења забележа време 2:04.72 минути.
Влхова, во Земеринг, ја забележа петтата победа во кариерата. Второто место и припадна на Германката Викторија Ребензбург, кога задоцни за 45 стотинки. Регензбург блескаше во втората трка бидејќи успеа да се искачи за осум позиции во однос на првото возење.
Последното место на победничкиот пиедестал го пополни Теса Ворли од Франција. Најдобрата во Светскиот куп оваа сезона, Американката Микаела Шифрин, трката ја заврши на петтото место.
Шифрин води во вкупниот пласман со 889 бода, втора е Влхова со 388, а трета е Рангхилд Мовинкел со 367.
Look at the emotion from Petra Vlhova! ?
The 23-year-old clinches her first ever World Cup Giant Slalom win in Semmering ⛷ pic.twitter.com/W6hwOgkFlk
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) December 28, 2018