Top Sport

Поразителна статистика на Обамејанг

Ливерпул синоќа славеше со 5:1 во дербито против Арсенал и уште еднаш ги потврди шампионските амбиции. „Црвените“ на табелата имаа девет бода повеќе од Тотенхем и десет од Манчестер сити.

Дербито добро започна за Арсенал. Имаа предност избраниците на Унаи Емери, по 11.минути игра, но до крајот на полувремето соперниците постигнаа четири гола.

Целиот тим на Арсенал одигра лошо, а најслаб беше првиот стрелец во лигата Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот едноставно не се виден на теренот.

Неверојатен е податокот дека тој за 71.минута, колку што мина на теренот, имал само 13 допири со топката. Поразително е што шест допии имал кога ја изведувал топката од центарот, еднаш на почетокот на мечот и пет пати по примените голови.

Scroll to Top