Кристијано Роналдо направил вистински потег кога летово го направи трансферот во Јувентус. Португалецот по девет години и четири освоени трофеи во Лигата на шампионите, за речиси 115 милиони евра од Реал се пресели во Јувентус.
Во Торино тој веднаш се наметна како прва опција во нападот, а тоа го покажува и статистиката.
Оваа 2018 година, Роналдо ја завршува како втор стрелец на „старата дама“. Португалецот од доаѓањето има постигнато 15 гола за Јувентус, а во 2018 пред него е само Паоло Дибала со 16 гола.
Она што звучи неверојатно е податокот дека иако веќе шест месеци не е во Реал, тој е најдобриот стрелец на „кралскиот клуб“ во годината што изминува.
Во 2018 година Роналдо за Реал постигнал 28 гола, еден повеќе од Герет Бејл кој цела година го носи дресот на клубот од „Сантијаго Бернабеу“.