Новак Ѓоковиќ на најдобар начин ја почна новата сезона. Тој го освои трофејот на турнирот во Абу Даби. Ова натпреварување кое се нарекува „Мубадала светско првенство“ е неофицијален турнир, меѓутоа Србинот воопшто не калкулираше и на некој начин им испрати порака на конкурентите какви се неговите цели во новата сезона.
Во Абу Даби, Ѓоковиќ за два часа и пет минути успеа да го победи во финалето Кевин Андерсон, а ден претходно во полу-финалето го совлада Карен Хачанов.
По триумфот над Андерсон, тој потврдил дека има високи цели во 2019 година, а потврдно одговорил на прашањето дали размислува за 20. гренд-слем титули што ги има Роџер Федерер.
„и лажел доколку кажам дека не сум сакал да освојам максимален број на гренд-слем трофеи. Тоа, дефинитивно е мојот план, мојата крајна цел. Секако дека постојат турнири на кои сакам да играм најдобро што можам до крајот на кариерата, колку таа и да траела. Исто така сакам со сите да се борам за првото место“, рекол Ѓоковиќ.
Светскиот број 1, официјалниот дел од сезоната ќе го започне во Доха, а ривал во првото коло ќе му биде Босанецот Дамир Џумхур.