Лео Меси календарската година ја заврши како најдобар стрелец. За Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Меси на 54 натпревари постигнал 51 гол.
Втор на оваа листа е неговиот вечен опонент, Кристијано Роналдо. Португалецот, вчера постигна два гола за Јувентус против Сампдорија и годината ја заврши со 49 гола на 53 одиграни натпревари за Реал, Јувентус и португалската репрезентација.
Полскиот бомбардер од Баерн Минхен, Роберт Левандовски е трет на листата, со 46 гола на 57 одиграни натпревари.
Меси е сопственик на рекордот за најмногу постигнати голови во една календарска година. Тој 2012 ја заврши со 91 постигнат гол.
Инаку, лани, најдобар стрелец беше Хари Кејн од Тотенхем, кој за клубот и репрезентацијата постигнал 56 гола.