Репрезентативецот на Северна Ирска, Кори Еванс се извини за расистичките пораки кои ги прати неговата сопруга кон романскиот судија Овидиу Хатеган по контроверзниот пенал во баражот за СП 2018 меѓу С.Ирска и Швајцарија.
Еванс играше со рака во шестнаесетникот на Северна Ирска за судијата Хатеган контроверзно да одлучи дека се работи за пенал. Рикардо Родригез беше ефикасен од белата точка и Ирците ќе патуваат во Базел со негатива од 0:1. Картонот кој го доби Еванс, играч на Блекбурн, значи дека тој нема да игра на вториот меч.
„Романска циганска п.чка! Можеме да замислиме дека Северна Ирска вдоми некој од неговите смрдливи роднини! Неблагодарна п.чка“, напиша сопругата на Еванс од неговиот официјален Твитер профил, кој потоа беше избришан и деактивиран.
Еванс, преку Ирската фудбалска асоцијација се извини за постапките на сопругата.
„Би сакал да се извинам за содржината и јазикот искористен на Твитер. Коментарите беа поставени во жештината на моментот и не ги претставуваат нашите вистински мисли“, изјави Еванс.
Еванс, како и неговиот постар брат Џони Еванс (Вест Бромвич Албион), се продукти на младинската академија на Манчестер јунајтед.