Ален Омиќ повеќе не е играч на кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица. Поранешниот репрезентативец на Словенија е првиот што ги напушти редовите на актуелните шампиони во АБА-лигата, по доаѓањето на новиот тренер Јасмин Репеша.
Омиќ во Будуќност пристигна на стартот од сезоната и тоа од редовите на Црвена ѕвезда. На почетокот на сезоната беше еден од најдобрите играчи во тимот, но неговата форма потоа започна да оди по надолна линија.
Откако во тимот пристигна талентираниот Грузијец Гога Битадзе, а тренерот Александар Џикиќ доби отказ, јасно Будуќност ќе се раздели со Омиќ.
Словенецот во Евролигата на 15 натпревари бележел просечно по 8,9 поени и 4,7 скока, додека во АБА-лигата просечно по натпревар имал 6,2 поени и 5,3 скока.
Омиќ по заминувањето од Будуќност веднаш најде нова „работа“. До крајот на сезоната тој ќе го носи дресот на италијанскиот шампион Армани Милано.
Интересно, дебито во новиот тим Омиќ ќе го има утре, токму против Будуќност.