Британскиот тенисер Енди Мареј го заврши својот настап на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија. Во осмина-финалето, Данил Медведев од Русија го порази Мареј со 7:5, 6:2.
Медевед успеа да го победи Мареј за 83 минути игра. 16.тенисер на АТП листата подобро влезе во мечот, направи брејк за предност од 3:1, но Мареј во осмиот гем успеа да возврати со ри-брејк.
Сепак Британецот потклекна во 11. гем, кога Медведев повторно му го одзеде сервисот, а потоа стави точка на првиот сет.
Во вториот младиот руски тенисер експресно стигна до предност од 4:0, која му ја овозможи Мареј со своите не изнудени грешки. До крајот, Британецот освои два гема, но не успеа да му ја оспори победата на Медведев.
Данил Медведев во четврт-финалето за противник ќе го има Канаѓанецот Милош Раониќ.
АТП турнирот од серијата 250 на програмата е до 6.јануари. Наградниот фонд на турнирот е 527.880 долари.