Top Sport

Сон официјално им се извини на Тотенхем бидејќи ги напушта за Азискиот куп

Сон Хеунг-Мин официјално се извини на фановите и на соиграчите од Тотенхем, пред да замине да игра за Јужна Кореја на Азискиот куп.

26-годишниот Кореец претходно пропушти три меча на Тотенхем за да игра на Азиските Игри за Јужна Кореја, каде што ја освои титулата и поради тоа доби изземање од обврската за служење на воениот рок. Сега, тој повторно ќе игра за националниот дрес на турнирот во Обединетите Арапски Емирати, веднаш по дуелот со Манчестер јунајтед на 13 јануари.

Од друга страна, Тотенхем оваа година сериозно се борат за својот прв било каков трофеј по 11 години, и Сон знае дека ќе им недостасува на соиграчите.

„Многу ми е жал и се извинувам, бидејќи веќе играв за репрезентацијата во септември. Жал ми е за соиграчите, фановите и тренерскиот тим. Многу е тешко, но од друга страна и многу важно за мојата земја. Се надевам дека ќе ја задржам добрата форма“, вели Сон.

Тој има осум гола и 5 асистенции во 16 настапи за Тотенхем оваа сезона.

Фото: ЕПА

Сон не мора да оди во војска, освои трофеј со репрезентацијата (Видео)

Scroll to Top