Сенегал успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, откако со 2:0 триумфираше на гостувањето кај Јужна Африка и го обезбеди првото место во групата Д.
Сенегал сега се сигурни на првото место со 11 поени, пет повеќе од Буркина Фасо и Зеленортските Острови, додека Јужна Африка е последна со четири поени. Ова е прв пласман на Сенегал на СП од 2002 година.
QUALIFIED! ?
Congratulations, ??Senegal! ?
They’re heading back to the #WorldCup for the first time since 2002! #WCQ pic.twitter.com/HzVMDYsS7R— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 10, 2017
„Лавовите од Теранга“ дојдоа во водство уште во 12. минута преку голот на играчот на Вест Хем, Диафра Сако по асистенција на Садио Мане, кој се врати во тимот по повредата на претходниот меч во октомври. Во 38. минута Тамсанка Мкизе си постигна автогол за убедливи 0:2 кои останаа до крајот на натпреварот.
Мечот во Полокване всушност беше преигран по наредба на ФИФА, откако во првиот меч на истиот стадион минатата година Јужна Африка стигна до 2:1 победа, но со помош на судијата од Гана, Џозеф Лемпти, кој доби доживотна суспензија за тој меч.
Египет и Нигерија веќе имаат обезбедено место од Африка, додека на Тунис на вечерашниот меч против аутсајдерот Либија им е потребен само поен за прв пласман на СП од 2006 година.