Top Sport

Уникаха пресилна за Звезда, ПАО го доби дербито на Атина

Панатинаикос го доби градското дерби со Олимпијакос, Фенербахче славеше во Бамберг, а Уникаха без проблеми ја реши Црвена звезда во последните натпревари од шестото коло во Евролигата.

Актуелниот европски првак против Бамберг ја покажа својата моќ и со сигурна игра го декласира домаќинот. Фенербахче на полувреме имаше предност 43:33, а во последната четвртина го декласира Бамберг (26:11) за конечни 80:57.

Петмина играчи на Фенер постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Весели со 15 кошеви.

Дербито на Атина се одигра во арената на Олимпијакос, а победата ја однесе Панатинаикос 70:62. „Зелените“ го искористија лошото шутерско издание на Олимпијакос и без поголеми проблеми ја одржуваа предноста од четири до 12 поени.

Гист со 15 и Лекавичиус со поен помалку го предводеа Панатинаикос до победата.

Уникаха славеше во дуелот со Црвена звезда 79:65. Тимот од Малага победникот го реши уште во прите осум минути кога стекна предност 20:4. Блескаше во првиот период Финецот Салин кој постигна четири тројки.

Белградскиот тим успеа во третата четвртина три пати да се доближи на шест поени негатива, но поранешниот играч на Црвена звезда Недовиќ не дозволи целосен пресврт.

Црвена звезда играше без Перо Антиќ кој поради полесна повреда остана во Белград.

Недовиќ со 17 поени и Салин со 15 беа најефикасни во редовите на Уникаха, а кај Црвена звезда Рочести, Фелдин и Лесор поестигнаа по 10 поени.

Scroll to Top