Поранешниот гитарист на Оејзис и огромен навивач на Манчестер сити, Ноел Галагер не штедеше зборови за пофалба за менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола.
Сити имаат 10 победи во првите 11 мечеви од Премиер лигата, правејќи предност од осум поени пред соседите Манчестер јунајтед и тоа со одличен стил. Тие веќе имаат постигнато 38 гола, а во сите натпреварувања имаат над 50 голови. Галагер не можеше да се воздржи.
„Пеп Гвардиола е е.ан месија! Мислам дека го играме најдобриот фудбал што е виден на планетата, а нашиот менаџер е убедливо најдобро облечен тренер во фудбалот. Нормално дека сум многу горд“, изјави Галагер за италијанските медиуми при промоцијата на својот нов албум.