Top Sport

Мекгрегор ја прослави годината со раѓањето на своето второ дете

ММА ѕвездата Конор Мекгрегор и неговата долгогодишна девојка Ди Девлин преку социјалните мрежи го објавија раѓањето на нивното второ дете.

Мекгрегор и Девлин веќе имаат еден син, Конор Јуниор роден во мај 2017 година, а сега Мекгрегор се пофали со фотографија со бебето заедно со малиот син.

„Одам накај дома со моите две здрави бебиња и полна со енергија супер-мама. 2019 година не можеше да почне подобро. Благодарам на сите пораки“, напиша Мекгрегор на Инстаграм.

Полот и името на новото бебе, засега не е објавено.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');