Top Sport

Милутинов повторно е МВП на колото (Видео)

Кошаркарот на Олимпијакос, Никола Милутинов е МВП на 16.коло во Евролигата. Српскиот центар трет пат од почетокот на сезоната е прогласен за МВП, претходно беше најкорисен играч во второто и 13.коло.

Олимпијакос, синоќа во грчкото дерби, го победи Панатинаикос 79:65, а Милутинов доминираше со 18 поени и 18 скока, што му донесе рекорден индекс 41.

Србинот постави клупски рекорд според бројот на скоковите.

Во 16.коло покрај Милутинов доминираа уште двајца центри, Гиставо Ајон од Реал и Гога Битадзе од Будуќност кои имаа индекс 31.

Ајон мечот с Макби го заврши со 18 поени, девет скока и три асистенции, додека Битадзе во поразот на Будуќност од Милано, забележа 23 поени, осум скока и две асистенции.

Scroll to Top